Со измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства се создадени се условите вакцината против коронавирусот да пристигне во државата и да започнеме со имунизацијата, вели Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
Тој додава дека измени на Законот немало да се случат доколку ВМРО-ДПМНЕ била на власт .
-За потсетување, во периодот меѓу 2012 и 2015 во годините на најголем режим, неколку реномирани странски компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот узвоз на лекови и вакцини со сомнително потекло.
Заради таквиот однос трајно се наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што со сите сили се обидуваме да го поправиме, да ја вратиме довербата во македонското здравство.
Како одговорно парламентарно мнозинство остануваме посветени на ставање крај на пандемијата и надминување на сите економско здравствени последици од неа, вели Коциќ.