198
„Бројот на нови случаи со заразени од ковид 19 во последните денови забрзано расте, инфективните оделенија се полнат“, вели денеска Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
„Вкупно се аплицирани над 1 милион доци, а ревакцинирани над 500.000 граѓани од кои само 0.002% се заразиле, што укажува на тоа дека вакцините се безбедни и ефикасни.
Вакцинацијата е клучна за да спречиме натамошно ширење на вирусот. Смртноста демне како опасност само кај невакцинираните. Апелираме и ги повикуваме граѓаните коишто досега не го сториле тоа да одат во најблискиот пункт и да се вакцинираат“, истакнува тој.