Коцкар се изнервирал, па скршил апарат за игри на среќа

од desk2
371 прегледи

Еден коцкар во радовиш, веројатно лут на својата лоша среќа, го скршил апаратот на кој играл, а не добивал.

Имено, во четвртокот, во 23,10 часот во ПС Радовиш, Р.Б.(29) од Радовиш пријавил дека истиот ден околу 22.50 часот во казино во Радовиш Д.П. од Радовиш скршил апарат за игри на среќа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.