Ковачев: Бугарската влада демонстрира шизофренија во однос на прашањето за С. Македонија

од Nikola Popovski
312 прегледи

Заради „патетичните коалициски препукувања на Кирил Петков“ и поради „поранешната Комунистичка партија“ не можеме да и пружиме воена помош на Украина со одбранбена опрема, изјавил бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за „БНР“.

Тој е со мислење дека бугарската влада демонстрира „срамно однесување“.

„Не знам зошто да брзаме“, рекол Ковачев за ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Македонија.

Според Ковачев, „РСМ се плаши да направи чекор напред и да му сврти грб на југословенското наследство и притоа е најмалку реформирана, заедно со Србија, од другите поранешни југословенски републики“.

Европратеникот смета дека кабинетот на бугарскиот премиер Петков демонстрира „апсолутна шизофренија“ во однос на надворешнополитичките приоритети.

Слични содржини