Ковачев повторно критикува: Македонија катастрофално заостанува зад Албанија и Црна Гора

Европратеникот го критикувал пристапот на македонската Влада, велејќи дека напорите за промена на Преговарачката рамка веројатно нема да успеат

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Фејсбук/Андреј Ковачев

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од групата на Европската народна партија, синоќа повторно изјавил дека Македонија значително заостанува во процесот на европска интеграција во споредба со Албанија и Црна Гора. Во интервју за бугарските медиуми, Ковачев нагласил дека во Европскиот парламент постои широк консензус дека земјите-кандидатки мора да ги почитуваат обврските што ги презеле. Според него, за Македонија ова значи вклучување на бугарската заедница во Уставот.

Тој го критикувал пристапот на владата на Христијан Мицкоски, велејќи дека напорите за промена на Преговарачката рамка веројатно нема да успеат.

„Наместо да спроведуваат реформи и да ја забрзуваат европската интеграција, тие катастрофално заостануваат зад Албанија и Црна Гора“, изјавил Ковачев за „Таралеј.бг“.

Европратеникот го коментирал и европскиот пат на Србија. На прашањето дали Белград би можел да заврши со суспензија на европските фондови, Ковачев одговорил потврдно:

„Категорично. Александар Вучиќ со години нè тераше да заборавиме дека тој прави реформи и бара европска интеграција. Во пракса, тие изгледаат поинаку. Постои незадоволство во српското општество. Во западните региони – Цариброд, Босилеград, има сериозни проблеми со правата на нашите сонародници“, рекол европратеникот.