Ковачев: Софија ќе ги објави имињата на сите македонски државјани со бугарски пасоши

од Nikola Popovski
513 прегледи

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев го поздрави усвојувањето на трите предлог-закони од страна на бугарскиот парламент за измените на Законот за бугарско државјанство. Како што информира политичарот, познат по своите антимакедонски ставови, во иднина церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна и регистарот на сите кои добиле бугарско државјанство ќе биде јавно достапен.

Со тоа, посочува тој, јавно ќе бидат познати „сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест“.

-Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од омразата, говорот и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Оние кои се „принудени“ да се претворат во јавни бугаромразачи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа.Очекувам, по второто читање, брзо усвојување на измените на законот, напиша Ковачев на Фејсбук.

Измените на тамошниот закон предвидуваат дека познавањето на бугарскиот јазик се воведува како задолжителен услов за сите случаи на натурализација и се наведува можноста за добивање бугарско државјанство во случај на интерес во Република Бугарија или кога лицето има посебни заслуги кон тоа.

Македонците иако се најбројни баратели на бугарски пасоши, сепак споредено со бројките на издадени пасоши во годините претходно 2021 и 2020, покажува дека трендот на вадење бугарски пасош е повеќе од преполовен. Лани од вкупно 7.410 пасоши издадени бугарски пасоши, само 1.992 завршиле во рацете на македонски државјани, стои во статистиката на Еуроактив.

Слични содржини