Ковачев: Заев да се дистанцира од клеветничките пишувања во ИФИМЕС

од Nikola Popovski
452 прегледи

„Премиерот Зоран Заев и владата на С. Македонија мора веднаш да се дистанцираат од провокациите. Тој мора да разјасни какви се односите со Словенечкиот меѓународен институт за Блиски исток и балкански студии „ИФИМЕС“, за што им се плаќа и колку се платени досега“, изјавил бугарскиот европратеник Андреј Ковачев по повод текстот на институтот, во кој според бугарските власти е организирана кампања за клевета против нивната земја и Германија, објави бугарската новинска агенција „БГНЕС“.

Тој го повикал Заев да открие какви договорни односи има со овој институт и дали луѓето во него биле и сè уште се негови советници.

Според Ковачев, ова е важно да се разјасни за никој да не може да си дозволи „да финансира вакви клеветнички кампањи во иднина“.

Тој ја поздравил одлуката на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева да го повика македонскиот амбасадор за објаснување.

„Амбасадорот мора да биде повикан и мора да има протестна нота, која очекувам да биде направена. Треба да се побара од премиерот Заев да се дистанцира од овие клеветнички пишувања “, вели бугарскиот европратеник.

Слични содржини