Ковачевски: „Бехтел и Енка“ се реномиран конзорциум, за сомнежите ги повикувам да постапат ОЈО и Антикорупциска

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Проектот за изградба на коридорот 8 и 10Д е најголемиот инвестициски проект во независна Македонија, меѓутоа и во Социјалистичка Република Македонија, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Сител телевизија.

-1,3 милијарди евра изградба на автопат во период од 5 години со 110 километри. За првпат ќе се гради коридор 8 којшто никогаш не бил изграден и со кој што ќе можеме да излеземе и на пристаништето во Драч и на пристаништето во Бургас. Бидејќи доколку една територија која што се наоѓа на средината на одреден простор како што е нашата држава на средината на Балканот доколку нема инфраструктура таа е кружен тек, не е раскрсница. Со изградбата на коридорот 8 вклучително експресниот пат кон Бугарија кој што веќе се гради проширувањето, рече Ковачевски.

Според него изведувачот Бехтел и Енка е светски реномиран изведувач кој што е избран и верификуван со закон во Собранието, каде е пропишана целата процедура за спроведување на овој проект.

-Што се однесува до надзорот се е направено врз основа на законите, врз основа на постапки предвидени со закон и со овој посебен закон за коридорот 8 и коридорот 10Д, бидејќи да не го заборавиме 40 километри автопатот од Прилеп- Битола. И сите документи за избор на надзорот се достапни преку јавно достапните информации на Бирото на јавни набавки. Сите информации заедно со документацијата беа споделени со медиумите на брифинг организиран од јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт. И јас денес повикав со оглед на тоа дека не сите претставници на медиумите присуствуваа уште еднаш да се направи брифинг. Второ со оглед на тоа дека опозицијата има одредени сомнежи ги повикувам и Антикорупциската комисија исто како тоа што го направи американскиот претставник и Антикорупциската комисија да ги прибере информациите и да направи своја анализа, тие веќе отворено и во текот на наредните денови ќе им бидат доставени сите документи коишто се однесуваат на одлуки кои во минатото биле носени од страна на Владата и сите други документи. И исто така и јас го повикувам ЈО да го истражи случајот и да ја каже која е вистината. Бидејќи опозицијата освен што обвинува по цел ден тие друго ништо не прават, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во самиот договор со Бехтел и Енка кој што е над 400 страници стои дека 51% од работите треба да ги извршат македонски произведувачи.

-Тоа значи од вкупната сума од 1,3 милијарди евра над 650 милиони евра ќе завршат во македонските компании. Ние имавме разговор со дел од синдикатите каде што се организирани работниците. Меѓутоа нормално дека ресорните министерства ќе имаат и со комората на градежни компании. Она што е пред нашите компании е добро да се подготват за да ги претстават своите можности и своите капацитети пред овој конзорциум со цел да утре влезат во договорни односи со нив ако би биле дел од овој проект. Јас дури мислам дека согласно со она што Бехтел и Енка го има правено на другите свои големи проекти бидејќи да не заборавиме ние ги гледаме проектите кои што ги имаат работено на Балканот, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Косово..сега и кај нас, меѓутоа во светот тие имаат уште поголеми проекти, тие дури организираат и саеми кои што сите компании кои што тие имаат потреба да ги ангажираат ги презентираат, кажа Ковачевски.

Слични содржини