Ковачевски: Дискурсот на Бугарија кон С.Македонија е сличен на оној кој го користи Русија кон Украина

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик.

-Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа, посочи Ковачевски.

Северна Македонија и Албанија, како што посочи македонскиот премиер, заслужуваат да продолжат напред и заедно затоа што кога соседите се движат напред и останатите се движат напред.

– Не смееме да дозволиме влијание од трети страни особено не од Русија и во срцето на Балканот, што е срцето на Европа, додаде Ковачевски.

Слични содржини