Сакам да ги повикам тетовчани да го дадат својот глас за листата на СДСМ, за листата на советници со носителот Глигорије Стојановски кој е докажан заедно со другите советници кои се угледни и препознаени имиња и подготвени да го дадат својот максимум за Тетово, кажа лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
„Тоа се чесни, работливи, одговорни луѓе, ваши комшии кои знаат сè што му е потребно на Тетово. Повеќе зеленило, почиста општина, целосна гасификација, надминување на проблемите со водоснабдувањето, но и нов економски развој и подобри услуги што ќе ги нуди општината на граѓаните. Сето ова преку конкретни проекти е наведено во програмата со која кандидатите на СДСМ излегуваат на овие избори“, рече Ковачевски.