Ковачевски: Голема чест е да бидам дел од Конвенцијата на Демократската партија на САД

од Илинка Илиоска
98 прегледи

Голема чест е на покана на НДИ да бидам дел од Националната Конвенција на Демократската Партија на Америка за номинација на потпретседателката Камала Харис за кандидат за претседател и гувернерот Тим Волц за кандидат за Потпретседател на САД. Конвенцијата се одржува во Чикаго во текот на оваа недела на која се разговара за партиската платформа во духот на американската демократија, напиша на Фејсбук, Димитар Ковачевски, пратеник од СДСМ и поранешен премиер на Северна Македонија

Покрај Ковачевски, на настанот присуствуваат и други политички претставници од Северна Македонија, меѓу кои и Арбана Пашоли, пратеничка од ДУИ и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

На конвенцијата, која ќе трае до четврток, се очекува Харис да ја прифати номинацијата за претседател на САД. Промената на кандидатот по повлекувањето на Џо Бајден значително ја промени предизборната динамика против републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Конвенцијата ќе биде пренесувана во живо преку повеќе платформи, а вечерните говори на Камала Харис, Тим Волц, и други значајни фигури од Демократската Партија, ќе бидат емитувани на телевизија.

Слични содржини