Ковачевски: Граѓаните знаат да препознаат, се она кое што оваа влада го има направено во време на најголемите кризи по втората светска војна

од Vladimir Zorba
642 прегледи

„Најдобрата анкета секогаш доаѓа на денот на избори, така беше и 2020 година кога ВМРО-ДПМНЕ покажуваше анкети на кои што водат 7% на крај ги изгубија изборите, така беше и на претходните локални избори во Маврово- Ростуше во Тетово каде што покажуваа дека водат 2:1, 3:1 и на крајот ние извојувавме најголема победа во историја на тој крај на локалните избори. СДСМ покажа во овие изминати 2 години додека сум јас премиер, меѓутоа и 4 претходно додека беше премиер мојот претходник и техничкиот премиер исто така од редовите на СДСМ дека СДСМ има визија за Северна Македонија. Ние станавме земја членка на НАТО, после 17 години ги отворивме преговорите со ЕУ. Владата работеше во услови на најголема светска, економска, енергетска и безбедносна криза би рекол во Европа по Втората светска војна и покажавме дека можеме да се справиме со истата, никој не беше оставен сам во време на таа криза, обезбедивме антикризни мерки и пакети на антикризни мерки највисоки во регионот, обезбедивме помош за сите најранливи категории на граѓани вие гледате дека немаше ниту еден протест на земјоделците во најкризните години, затоа што министерот Николовски навистина е одличен,“посочи премиерот во оставка, Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, за анкетите кои се јавуваат во јавноста, дека не иделе во корист на СДСМ.

Ковачевски се осврна на исполнетото изминатиов период на оваа влада, и како такви ги спомна методологијата за раст на пензиите, за раст на минималната плата, зголемените странски инвестиции.

„Граѓаните апсолутно знаат да препознаат дека во нашата држава демократијата е драстично подобрена и унапредена во однос на 2016 година. Граѓаните знаат дека успешно се справивме со енергетската криза бидејќи немавме ценовни шокови ниту кај горивото, ниту кај електричната енергија, граѓаните во анкетите јасно покажуваат дека владата има воведено правилна методологија и за раст на платата и за раст на пензиите и во однос на поддршката на компаниите.Меѓутоа секогаш може подобро, “посочи Ковачевски.

Слични содржини