Ковачевски и новите министри на прием кај Пендаровски

од Берта Китинска
143 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски и новите министри денеска се на прием кај претседателот Стево Пендаровски.

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев.

Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата.

Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за”, 46 „против” и без воздржани.

Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Тој посочи дека не се потребни нови избори, најавувајќи зголемување на пензиите и раст на минималната и просечната плата, како и реформи во образованието. Говорејќи за спорот со Бугарија, Ковачевски рече дека разговорите ќе продолжат и ќе бидат интензивирани без да биде загрозен идентитетот на народот.