Ковачевски: Историските прашања не се дел од францускиот предлог

од Nikola Popovski

Францускиот предлог е стигнат после нашата интервензија во Брисел и нашата реакција на драфт-документите. Официјалните ставови ќе бидат помине филтрите на сите засегнати институции, ќе следи широк консултативен процес со владината коалиција, а потоа со претседателот, опозицијата, парламентит, како и со севкупната јавност. Сакам да ги уверам граѓаните дека имаме план и стратегија која дава резултат. Апелирам до сите политички актери и медиумите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации, изјави премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес-конференција за денеска пристигнатиот француски предлог до Владата.

Ковачевски упати јавна благодарност до сите кои што беа конструктивно вклучени во процесот досега.

Премиерот одговарајќи на новинарско прашање истакна дека предлогот во моментов е на анализа во Министерството за надворешни работи.

-Историските прашања не се дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ. Шефот на дипломатијата Османи од утре ќе има консултации до детали со медиумите, рече Ковачевски.

Слични содржини