Ковачевски ја повика опозицијата на одговорно однесување во однос на „Отворен Балкан“: Милошоски не сака да ја закаже Комисијата за надворешни работи

од Vladimir Zorba

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во Собранието денеска нагласи дека со иницијативата Отворен Балкан се создаваат нови можности за работниците и ја повика опозицијата на одговорно однесување, со цел предметните закони да бидат изгласани во Парламентот.

„Јас не го гледам тука пратеникот Милошоски, кој не сака да ја закаже Комисијата за надворешни работи каде што треба да се ратификуваат договорите кои произлегуваат од соработката од Отворен Балкан. Се работи за договори каде што единствен бенефит имаат работници и компаниите. Чисти економски бенефити коишто се базираат на четирите европски слободи: капитал, стоки, услуги и луѓе. Со едниот договор се укинуваат фитосанитарните комплицирани процедури коишто постојат меѓу трите држави, Србија, Албанија и Северна Македонија, а со вториот се овозможува без дополнителни административни процедури работниците да можат слободно да работат во трите држави. Јас апелирам пратеникот да ја свика комисијата”, повика премиерот Ковачевски.

На седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Владата, Ковачевски рече дека „како Влада, остануваме посветени на настојувањата да продолжиме со интензивирање на политиките за забрзан економски раст и развој на државата, преку зголемување на домашните и странските инвестиции и директната поддршка преку зголемување на платите во сите сектори, минималната и просечната плата, но и пензиите”.

Слични содржини