Ковачевски: Јас сум Македонец од раѓање, ниту една хартија не може да го одземе мојот идентитет и историја

од Nikola Popovski
155 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски на денешното разгледување на францускиот предлог во Собранието истакна дека ова е историска седница.

-Единствен предлог на Европската комисија за дефинирање на преговорите со ЕУ. Претходниот сет на идеи не го дефинираше македонскиот јазик и не беше основа за македонската држава и затоа кажавме одговорно не. Не се обидувавме да бидеме лажни патриоти. Нема да дозволиме државата да остане на опашката на Балканот и нема да дозволиме идентитетските прашања да се користат за национални идеи, рече Ковачевски од собраниската говорница.

-Јас сум Македонец од раѓање и ниедна хартија не може да го намали или одземе мојот идентитет и историја. Цврсто планирам да останам да живеам во државата и да помогнам како граѓанин и премиеро. Остануваме на истиот европски пат, за кој 30 години претходно никој не ни понудил алтернативен пат, додаде премиерот.

Ковачевски изјави дека со „чиста совест предлага да се прифати предлогот и да одиме напред кон подобра иднина“.

-Ова го правам зошто цврсто верувам во истрајноста, а не зошто морам. Вреди да се избориме, затоа ја барам довербата од граѓаните, кажа Ковачевски и цитираше зборови од романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски.

Целиот говор на премиерот беше проследен со свирчиња и вувузели од страна на пратениците од опозицијата. По завршувањето на неговото обраќање, Ковачевски беше нарекуван „предавник, предавник“ од истите пратеници.

Слични содржини