Ковачевски: Македонскиот народ ниту некој успеал досега да го асимилира, ниту некогаш ќе се случи тоа

од Берта Китинска

Македонскиот народ ниту некој успеал досега да го асимилира, ниту го асимилирал, ниту некогаш ќе се случи некој да го асимилира, вели премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на опозицијата Мицкоски.

-Ние сме горди на својата историја, горди сме на својот јазик, горди сме на својот идентитет со сите негови аспекти. Така било, така е и така ќе биде.
Лесно е да отфрлиме, да одложиме, да избереме нова неизвесност, но во овој историски момент е потребно рационално размислување со ладна глава. Време е за мудри одлуки, вели Ковачевски.

Слични содржини