426
Има кој да ме брани. СДСМ има 84.000 членови, вели лидерот на владеачката партија, Димитар Ковачевски, одговарајќи синоќа на новинарко прашање, на прес-конференција после завршување на состанокот на Централниот одбор на СДСМ.
Според Ковачевски, сите членови на СДСМ се единствени во промовирањето и заштитата на својот претседател, како и на раководството на партијата.
Ваквото прашање од новинарите следува откако синоќа дел од медиумите објавија дека Ковачевски се пожалил пред членовите дека цело раководство во еден момент ја напуштило партијата и тој како нов лидер на партијата останал без поддршка, односно дека 30 дена бил мета на напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ.