Ковачевски: На овие избори не учествуваме на Олимписки игри каде е важно да се учествува, туку за да победиме

од Nikola Popovski
279 прегледи

Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но се уште не е доцна да се смени правецот. Откажувањето не е опција за нас. Нема да се откажеме од европската иднина на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски по вечерашните резултати од првиот круг од претседателските избори.

-Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, додава Ковачевкси, но сега не е време за откажување.

-Имаме уште две недели, јас ќе бидам на терен со вас и сите тука до мене ќе бидеме со вас за да ја добиеме поддршката за европска Македонија. Нема да ги наведнеме главите. Ќе се бориме се додека не победиме, кажа Ковачевски, упатувајќи и порака до кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

-Ова е наша заедничка борба, ќе се бориме заедно рамо до рамо. Борбата продолжува и на 8 мај.

Одговарајќи на новинарски прашања, екс-премиерот рече дека очекува подобар резултат за две недели кога ќе бидат парламентарните избори.

-На овие избори не учествуваме на Олимписки игри каде е важно да се учествува, туку учествуваме на изборите за да победиме, кажа Ковачевски.

Најави дека по двојните избори и резултатите, ќе се разговара во партијата за тоа што ќе се случува понатаму.

Слични содржини