Ковачевски на претстава изведена од деца од социјално ранливи категории семејства

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Во Театарот за деца и младинци, Скопје, премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и претставничка од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска присуствуваа на претставата „Писмо за Дедо Мраз” во изведба на детското драмско студио Неверленд.

„Ми беше големо задоволство што денес во театарот за деца и младинци присуствував на претставата „Писмо од Дедо Мраз” во изведба на децата од драмското студио Неверленд. Убаво е да се видат насмевките на овие деца од центрите за лица со попреченост од целата територија на државата, од згрижувачки семејства, од дневните центри и децата од социјално ранливи категории семејства. Градиме општество кое е отворено и инклузивно за сите, тоа е и ќе остане и понатаму моја лична, но и заложба на Владата на Република Северна Македонија“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

На претставата присуствуваа и деца од центрите за лица со попреченост од целата територија на државата, од згрижувачки семејства, дневните центри и деца од социјално ранливи категории семејства.

По завршувањето на претставата премиерот и министерките заедно со Дедо Мраз доделија новогодишни пакетчиња на сите присутни деца.

Слични содржини