Ковачевски на средба со Драги

од Vladimir Zorba

Владино-црковната делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј, ќе одаде почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе”, каде митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил.

По посетата на базиликата „Сан Клементе”, премиерот Ковачевски ќе оствари и средба со претседателот на Советот на министри на Италија, Марио Драги.

Вчера Ковачевски имаше тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск, на која присуствуваа и членови на македонската делегација.

Слични содржини