160
Премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски денеска заедно со амбасадорката на САД Ангела Агелер оствариле средба со Брајан Нелсон, потсекретар за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД.
На средбата главниот фокус на дискусија биле актуелните меѓународни случувања, борбата против перење пари, како и влијанијата од трети страни.
„Нашата борба е заедничка, глобална. Имаме силен партнерски пристап помеѓу сите демократски меѓународни партнери, насочена кон јакнење на отпорноста на нашето општество и целосно сузбивање на влијанието и обидите за дестабилизација“, сподели Ковачевски.