Ковачевски најави финансиски средства за најранливите категории на граѓани

од Nikola Popovski
238 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека Владата наскоро ќе излезе со нов пакет антикризни мерки, насочени кон најранливите категории на граѓани.

-Ние задутре имаме состанок на Економскиот совет во проширен состав. Веќе се подготвуваат и листите и категориите на граѓани кои ќе добијат финансиски средства од Буџетот со цел да можат полесно да ја пребродат кризата што ја имаме. Сите сме свесни за растечките цени на Владата, особено на основните прехранбени производи, изјави Ковачевски.

Тој потенцира дека замрзнувањето на маржите функционира, но дека импутите, енергенсите, суровините, коишто ги добиваат производителите на основни прехранбени производи ги влечат цените нагоре, што е случај практично во сите држави.

-Вчера ги видовите податоците дека инфлацијата во ЕУ е на рекородно највисоко ниво и централнките банки интервенираат со зголемување на каматните стапки. Многу скоро Министерството ќе излезе со конкретни мерки и категории на граѓани кои ќе добијат помош, додаде премиерот како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини