Ковачевски: Наместо да бидеме во друштво со Хрватска, сега заради ВМРО сме во друштво со држави кои имаат внатрешни нерешени функционални прашања

од Симе Стоиков

„Видете, земете ги сите мои интервјуа и нема да видите ниту една изјава кога и дали ќе се случат уставните измени. Сите мои изјави биле дека ова е обврска на сите политички партии, ова не е процес на еден човек на една политичка партија и на една Влада туку е општ политички и општествен процес во државата кој што треба да се донесе. Дека требаше да ги донесеме уште минатата година требаше, затоа што ќе ве потсетам на една работа, јас во неколку прилики кажав дека не сакам да ја видам Македонија во друштво на држави кои ќе добијат кандидатски статус и ќе отпочнат преговори со ЕУ,“ посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за 360° на МРТ 1.

Ковачевски се осврна на 2005та година кога земјава станува кандидат земја за членство во ЕУ заедно со Хрватска. Во меѓувреме Хрватска ги носи сите потребни одлуки, и станува членка, воведува евро и е во шенген, и денес наши млади одат да работат во Хрватска, зашто земја членка на ЕУ има зголемен животен стандард, има зголемен број на компании и има многу подобри услови и за работа и за живот.

Тој посочи дека ако не биде донесена одлуката, Македонија ќе остане во друштво со Црна Гора, а можеби и таа ќе отиде пред нас, како и Албанија и тогаш остануваме во друштво на Босна и Херцеговина, на Украина и на Молдавија држави кои имаат внатрешни функционални нерешени прашања.

„Ние сега сме земја која има преговори со ЕУ, која што би застанала заради неносење на одлуки внатре, заради блокадата што ја направи ВМРО-ДПМНЕ, Левица и уште една политичка партија во Собранието, заради неносење на амандманите во Уставот. Во меѓувреме преговори отпочнаа и Украина и Босна и Херцеговина и Молдавија. Сега ние сме во тоа друштво, наместо да бидеме во друштво со Хрватска сега заради ВМРО сме во друштво со овие држави, “ рече Ковачевски.

Тој посочи дека сега граѓаните имаат избор дали сакаат политичка опција со која што ќе продолжиме кон полноправно членство во ЕУ до 2030та година или ќе изберат политичка опција која што има дава некаква алтернатива со план кој што е тотално маглив. Дека ќе оделе во Бугарија ќе го репреговарале договорот, па ќе репреговарале преговарачка рамка за што сите од ЕУ кажаа дека не може да се репреговара. Значи една лажна слика за тоа како би требало да изгледаат европските интеграции меѓутоа знаете како граѓаните се суверен нивниот глас е тој кој што одлучува.

Слични содржини