Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Белград изјави дека Бугарија воведе незаконска такса за транспортот на гас низ нашата земја и дека ќе се искористат сите законски можности за решавање на проблемот.
Ковачевски, на новинарско прашање дали Србија, Северна Македонија и Унгарија можат да дејствуваат заедно кога станува збор за таксата за транспортот на гас, бидејќи тоа ги засега сите три земји, рече дека тоа е незаконски воведен данок кој е воведен, пред се од ЕУ.
-Сите сакаат да кажат дека тоа е такса која ја воведе Бугарија, но мора да знаеме дека таа земја е членка на ЕУ и не може таа наутро да биде земја-членка кога на пример ќе стави вето, а попладне да не биде членка и да стави такса од 10 евра. Ние ова прашање го упативме и до Софија и до Брисел, рече меѓу другото Ковачевски на заедничката прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ.