Ковачевски негира бојкот на вториот круг, порача дека никој не ги има гласачите под своја контрола

од Nikola Popovski
639 прегледи

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска негира дека заедно со ДУИ подготуваат сценарио за бојкот на вториот круг од претседателските избори. Ги повика сите гласачи масовно да излезат на изборите и да го поддржат кандидатот Стево Пендаровски и коалицијата „За европска иднина на Македонија“.

Екс-премиерот вели дека никој не ги има гласачите под своја контрола, па да може да ги наведува како да гласаат. Очекува многу поголема поддршка во вториот круг и тврди дека ја примиле пораката во првиот круг за сите направени грешки додека СДСМ е на власт во изминатите години.

-Нормално дека нашето членство го имаме повикано да излезе масовно на изборите. Сакам да им се заблагодарам на сите членови кои го поддржаа Стево Пендаровски. Не можете да кажете дека само една третина од членството на СДСМ излезе на изборите. Партијата има 74 илјади регистрирани членови, а имаше 180 илјади гласови, додаде Ковачевски.

-Кога ќе ги видите главните теми кои ги преокупираат граѓаните, ќе видите дека тоа се поголема борба против корупцијата, поголем животен стандард и подобро владеење на правото, додаде претседателот на СДСМ.

Слични содржини