Ковачевски од Куманово: Германскиот претседател го спомнува Конески, има ли поголема потврда дека сме свои на своето?

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Политиката што ја спроведуваме ги брани интересите на нашиот народ и нашата земја, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Тој истакна дека земјата стекнува искрени пријателства од големи европски земји, кои, како што додава, ни се ветар во грб во процесот на евроинтеграциите на земјата.

-Вчера ни беше во посета претседателот на Сојузна Република Германија, во неговиот говор го спомна Блаже Конески, втемелувачот и еден од кодификаторите на современиот македонскиот литературен јазик, Пиреј на вечниот и незаменлив Петре М Андреевски… Има ли поголема потврда за тоа дека ние сме свои на своето. Тоа го признаа сите земји членки на ЕУ и секоја прилика ја користат истото да ни го повторат. Го обезбедивме македонскиот јазик во Европската унија, го заштитивме македонскиот идентитет еднаш засекогаш. Македонската црква е признаена. Стекнуваме нови пријателства и нови силни поддржувачи од големите европски земји, рече претседателот на СДСМ.

Ковачевски кажа деа тоа се придобивките од социјалдемократските политики, тоа е вистински патриотизам и влог во иднината.

-Затоа ги носев тешките одлуки, за подобра иднина на младите, за подобар животен стандард, образование, здравство, за младите да ја градат својата иднина тука, во напредна и економски силна земја членка на ЕУ. Не беше лесно да се донесат одлуките. Но лидерството значи да се
обезбеди иднината. Често зборувам јас за тоа тешко чувство кое верувам многумина го имале. Како со нож некој да ви го сече стомакот. Но, колку и да беше тешка одлуката за прифаќање на францускиот предлог како нож во стомак, повторно да е пред мене таа одлука повторно ќе ја
донесам. Затоа што силно верувам дека европскиот пат е гарантор за нашата подобра иднина, кажа Ковачевски, додавајќи дека не смее да се дозволи европскиот пат да биде спречен од политичари кои не и мислат добро на земјата.

Слични содржини