Владата не може да спроведува истраги. Истраги може да спроведува единствено Обвинителство. Доколку има индиции за одредно постапување кое е спротивно на закон, тогаш нормално дека сите тие наоди и извештаи му се достапни на кој било истражен орган во државата. Владата заедно со Министерството за здравство ги разгледува и е задолжена за управување со МЗ, а директор на клиника не поставува Влада, туку поставува министер за здравство, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на новинарско прашање за разрешувањето на директорите на клиниките, премиерот Ковачевски рече дека тоа не се истраги, туку испитување на работењето, го прави Фондот бидејки преку Фондот се финансираат клиниките.
„Во два случаи каде имаше наоди кои веројатно не биле соодветни на добро управување со тие клиники, резултираа со тоа што двајца директори дадоа оставки, а еден беше разрешен. Меѓутоа врз основа на сите извештаи што ќе ги има ФЗОМ врз основа на кои ќе не информира министерот за здравство, ќе можат да се носат понатамошни одлуки“, рече Ковачевски по посетата на реконструираниот објект на полициската станица во Општина Гази Баба.
Во однос на тоа дали некој се придржувал или не придржувал до закони, исткна дека за тоа е задолжено Обвинителството, а не Владата.
„Владата не може да биде обвинител во државата“, потенцира Ковачевски.