Ковачевски: Осуда за одлуката на Русија за признавањето на Донецк и Луганск

од Берта Китинска
250 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики”.

Премиерот Ковачевски на социјалната мрежа напиша:

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики”.

Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015.

Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.”

Слични содржини