Ковачевски: Овој предлог е основа на важното прашање за обезбедување на она што го чекаме

од Берта Китинска

Предлогот со сите документи е јавно објавен, а ќе биде објавен и билатералниот протокол со Р. Бугарија, кажа денеска на заедничката прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски на која присуствуваше и претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел.

-Со сите разговараме за предлог во кој се вклучени забелешките низ јасно изразени ставови. Овој предлог е основа на важното прашање за обезбедување на она што го чекаме. Предлогот е во целост со резолуцијата во Собранието, што покажува дека Владата, јас како премиер ги застапуваме позициите дома и надвор. Тоа државничко однесување вроди со плод, посочи Ковачевски.

Слични содржини