Ковачевски: Пендаровски покажа лидерство за европската иднина на државата

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Зборувајќи пред присутните зошто Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски истакна дека Пендаровски покажал лидерство и сподели лично сведоштво во времето кога беше доставен Европскиот предлог.

„Тука пред сите вас, ќе ви кажам зошто Стево е нашиот иден претседател Кога беше време да се отворат преговорите со ЕУ во јули 2022 Стево и јас седевме заедно и тој рече: „Знам дека од утре целиот притисок ќе биде врз тебе. Знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај. Знам дека од утре, сите популисти, сите националисти, сите противници на европската идеја за Македонија, сите оние кои се здружени со непријателите на Македонија, ќе застанат против тебе. И ќе поминуваш низ пекол. И затоа, нема да те оставам сам. Затоа, јас ќе стојам рамо до рамо до тебе. Ќе стојам рамо до рамо и со пратениците со кои заедно ќе ја водиш битката во парламентот. Затоа, јас прв ќе излезам на прес конференција и ќе кажам: ДА, Македонија треба го прифати европскиот предлог. Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Тоа и го направи, тоа е лидерство. Тоа е начинот на кој постапуваат вистинските лидери. Лидерите кои им мислат добро на својот народ и на својата држава“ рече Ковачевски.

Лидерот на СДСМ пред присутните порача дека заедно со него, заедно со Пендаровски и граѓаните, државата до 2030 година ќе биде земја членка на ЕУ.

„Со вакви храбри луѓе, направени од ваков цврст материјал што ништо не може да го скрши, Македонија ќе стане земја членка на ЕУ. Со Стево, со вас и со мене, во 2028 година Македонија ќе ги заврши преговорите со ЕУ и сите вие овде ќе бидете горди што се биле дел од патот на Македонија кон поправедна, побогата, подемократска европска држава“, порача Ковачевски.

Слични содржини