Ковачевски: Постои човек кој со пушка на социјалните мрежи се заканува дека ќе ме убие

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски апелира дека мора да се реагира за заканите на социјалните мрежи и повиците за насилство.

-Гледаме дека има списоци, мора да се реагира. Лани се носеа гилотини пред Собрание. За мене имате човек кој што со пушка во рака на социјални медиуми, се заканува дека ќе ме убие. Сега чекам да видам што се случило со човекот. Тој е од тука од земјава, но се уште немам никаква информација. Кога тоа ќе помине неказнето, друг ќе види и ќе си каже: еве ова поминува неказнето…, рече Ковачевски во емисијата „Студио 10“.

Според претседателот на Владата, премногу зборуваме за надлежностите за другите.

-Постојат закони. Јас имам информација дека тој и тој со пушка на социјални мрежи, се заканува на претседател на Влада. Да видиме до каде е случајот, кажа Ковачевски.

 

Слични содржини