Ковачевски: Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, тоа е нашата иднина

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на интеграциите и остварување на европската цел до 2030 година. Тоа е нашата иднина. Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина и државата да бидат блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека ќе продолжат да работат на врвните национални и државни интереси за да се обезбеди мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата.

„Дискусијата ќе се води како и до сега, на сите нивоа, со оглед дека се работи за важно прашање за иднината на државата. Нашите граѓани сакаат и заслужуваат да живеат во ЕУ во Северна Македонија, земја-членка, а не да живеат со туѓу пасоши во туѓи држави“, наведе Ковачевски.

Премиерот додаде дека тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не излегоа со аргументи против уставните измени е причина за надеж на Владата дека уставните измени ќе бидат усвоени консензуално од сите пратеници во Собранието.

Слични содржини