Ковачевски: Предност е поддршката од секој член на СДСМ, вклучувајќи го и Заев

од Nikola Popovski
274 прегледи

Реформите во партијата се неминовни, бидејќи секогаш носат нов квалитет и носат нова енергија, вели кандидатот за лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски во емисијата „Само вистина“.

Според него, делот „одговорно“ во слоганот што го преставува, се однесува на начинот на кој што партијата треба да биде организирана и да биде функционална.

-Треба да ги идентификуваме луѓето во партијата кои што дале голем придонес во развојот и во нејзината работа и да воведеме принцип -тој што придонел најмногу, вложил труд и време, ќе биде критериум како се напредува во партискиот живот, потенцира Ковачевски и додава дека сите кандидати во недела имаат еднакви шанси за победа.

Ковачевски истакнува дека предност е поддршката од сите партиски членови, било да е од раководството на партијата, вклучувајќи го и претседателот Заев.

-Сепак, многу значајна ми е и поддршката од секој член на партијата, констатира Ковачевски.

Слични содржини