Ковачевски: Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните

од Берта Китинска
261 прегледи

Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат затоа го затвораме ова прашање, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со владината коалиција.

-Следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024.Во наредниот период продолжуваме со одговорот на кризата, преку испорачување нов пакет антикризни мерки, системски реформи, неселективна борба против високата корупција и усогласување на изборното законодавство со препораките на ОБСЕ и ОДИХР, порача Ковачевски.