Не сметам дека треба од било што од претходната Влада да се оградувам, кажа претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во гостувањето на Канал 5 телевизија. Тој рече дека Владата на СДСМ ги донела најтешките одлуки државата и заради тоа сега сме членка на НАТО и сме на чекор од преговори со ЕУ.
-Имаме воспоставено и едно општество за сите и меѓуетничките односи се далеку подобри од она што беше во минатото. Имаме одлични односи и со соседите. Преку „Отворен Балкан“ ги спуштаме бариерите со соседите.
Тој дополни и дека досегашната Влада водела економска политика на социјалдемократски вредности.
-Зголемена е за 300% социјалната помош, порасна минималната плата, како и просечна плата, третманот на домашните и странските инвестиции е изедначен и сега имаме повеќе домашни инвестиции. Две години се работеше во услови на пандемија и сега сме во енергетска криза, па затоа презедовме мерки за да се заштитат граѓаните од ценовен шок, нагласи Ковачевски.