Ковачевски разговарал со Вучиќ: Автокефалноста на МПЦ е гест на подадена рака

од Nikola Popovski
190 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски ја оцени одлуката на СПЦ да ја признае МПЦ-ОА за автокефална црква како историски чин и уште една силна алка за зацврстување на пријателството меѓу Северна Македонија и Србија, е нашата заедничка констатација со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ковачевски појасни дека имал телефонски разговор со Вучиќ.

-Во телефонскиот разговор ја споделивме заедничката радост од оваа одлука со која се надоградува традиционалното добрососедство и на која гледаме како на гест на уште една подадена рака за заеднички просперитет на нашите две земји, како и на чин кој покажува какви треба да бидат односите меѓу пријателите во регионот, стои во објавата на премиерот.