Ковачевски: РЕК Битола е столбот на македонската економија и основата на македонската енергетика веќе 40 години

од Destan Jonuzi

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски по повод 40 години – Рударско – енергетски комбинат (РЕК) Битола ја посети машинската сала на термоелектраната на РЕК Битола, по што се обрати на свеченоста по повод јубилејот.
Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека РЕК Битола е енергетски капацитет од кој зависеше осамостојувањето на нашата држава.
Ковачевски, упати честитки до сите вработени и раководството кои се подготвени да го издржат товарот на најголемата светска енергетска криза.

Премиерот Ковачевски во обраќањето се осврна на актуелните владини мерки за ублажување на ценовниот шок, како и на важноста од вложувањата на среден и долг рок за успешна енергетска транзиција и одржлива иднина на РЕК Битола.

– Рударско – енергетски комбинат (РЕК) Битола одбележува 40 години од пуштањето во работа на блок 1, односно од синхронизацијата со електропреносниот систем на државата која беше направена на 4 ноември 1982 година во точно 23 часот и 52 минути. РЕК Битола е енергетски капацитет кој беше исклучително важен за осамостојувањето на македонската држава. РЕК Битола беше и сè уште е срцето на македонската енергетика. Беше и сè уште е столбот на македонската економија. И денес во услови на најголемата светска енергетска криза, РЕК Битола е доминантен производител на електрична енергија во земјава, рече во својот говор Ковачевски.

Во моментов, подвлече премиерот, со наша заедничка заложба, АД ЕСМ, а во најголем дел РЕК Битола, успешно и континуирано обезбедува 100% од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во државата во кои се вработени најголемиот дел од нашите работници.

– Во услови на најголемата енергетска криза брзо и навремено преземаме мерки за ублажување на енормниот раст на цената на електричната енергија, а со тоа и на цената на храната. За сето ова, клучно е домашното производство на електрична енергија. Овие антикризни мерки, оваа електрична енергија која субвенционирано ја даваме на нашите граѓани и на 98% од фирмите кои вработуваат исто толку вработени немаше да биде можно без производството на електрична енергија во РЕК Битола. Воедно ја субвенционираме струјата за сите домаќинства и мали потрошувачи за 80%, обезбедувајќи за сите пет пати сметка за електрична енергија поевтина од реалната пазарна цена која би ја платиле доколку ова не беше направено, потенцираше Ковачевски.

Тој истакна дека со новите владини одлуки кои ги објавивме минатата недела, обезбедуваме поевтина струја и тоа, 80 евра по мегават/час за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи, со цел стабилизирање на цените на финалните производи.

– Веќе беше јавно соопштено од производителите дека со оваа одлука цените би требало да се намалат за најмалку 10%. 95 евра по мегават/час за основните и средни јавни училишта којашто ќе биде висина на цена на електрична енергија која тие ќе можат да ја поднесат и ќе може да се обезбеди непречено одвивање на наставно образовниот процес во државата, рече премиерот.

Слични содржини