Ковачевски: С.Македонија ќе биде европска држава, блокадите ќе бидат поразени

од Nikola Popovski
204 прегледи

СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада, рече денеска премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на традиционалниот пикник по повод 11 Октомври во Куманово.

-Ќе успееме заедно. Затоа што се работи за најважното, иднината на нашата убава татковина. Северна Македонија ќе биде европска држава. Блокадите ќе бидат поразени. Затоа што никој не сака неизвесност, изолација и економска стагнација, додал премиерот.

Според него, граѓаните сакаат економски напредок, повисоки плати, подобар живот во европска држава.

-Затоа ќе победиме! СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада. А потоа и градоначалник од редовите на СДСМ ќе биде домаќин на одбележувањето на 11 Октомври овде во Куманово, порача денеска Ковачевски од Куманово.

Слични содржини