Ковачевски се сретна со Ердоган: Отвораме повеќе врати за турските инвеститори

од Nikola Popovski
168 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски информира дека имал средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Според него, традиционалното пријателство со Турција е секогаш мотивација за срдечни средби со Ердоган.

-Ја осудуваме руската агресија и имаме заедничка силна поддршка за Украина која храбро ја брани својата земја.

Се согласивме да продолжиме да вложуваме заеднички во поинтензивна соработка за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори и за посилни трговски врски меѓу двете земји, истакна Ковачевски.