Ковачевски се сретна со Спајиќ: „Традиционално партнерски и пријателски односи, без отворени прашања“

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Владата оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, кој е во работна посета на Република Северна Македонија заради учество на неформалниот состанок на лидери од НАТО од регионот.

На средбата присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Премиерот Ковачевски на својот црногорски колега Спајиќ му го честита изборот за Претседател на Владата на Црна Гора, посакувајќи му успех и споделувајќи надеж за  одлична соработка во корист на двете држави и народи. Изрази задоволство што првата посета на премиерот Спајиќ по стапувањето на функцијата е токму на нашата држава, што зборува за блискоста на нашите земји.

Двајцата премиери разменија мислења за севкупните билатерални односи и оценија дека истите се традиционално партнерски и пријателски и без отворени прашања. Тоа дава основа за зголемен фокус во претстојниот период на развивање на економската соработка и инфраструктурното поврзување.

Како сојузници во НАТО, Северна Македонија и Црна Гора споделуваат и идентична надворешно-политичка цел, членството во Европската унија и на тој пат се подготвени да работат заедно во остварување на критериумите и стандардите за членство.

Слични содржини