Ковачевски: Се водев по законите и секогаш работев според процедурите

од Nikola Popovski
47 прегледи

Поранешниот премиер, Димитар Ковачевски вели дека се уште не бил контактиран од надлежните во врска со кривичната пријава против него за можна вмешаност во неправилности во Државната лотарија. Ковачевски рекол дека има информации за постапката против него, но тврди дека постапил според законот.

Екс-премиерот се надева дека институциите ќе го водат целиот тој процес на непристрасен и професионален начин.

-Она што можам да го кажам е дека за време на мојата работа како премиер и заменик-министер за финансии се водев по законите, секогаш работев според процедурите и на ниту еден начин не учествував во работата на ниту едно јавно претпријатие, ниту на некое акционерско друштво во државна сопственост, кажал денеска Ковачевски во Собранието.

Тој додал целата работа е достапна за институциите.

-Владините седници се колективни тела каде што се носат одлуки и се носат според законите. Уште еднаш повторувам дека на ниту еден начин не сум учествувал како премиер во работата на јавните претпријатија или акционерските друштва во сопственост на државата, дециден бил екс-премиерот.

Јавното обвинителство сè уште нема донесено одлука за Ковачевски и за поранешниот генерален секретар во Владата, Методија Димовски, кои МВР ги има пријавени за криминал во Државна лотарија, односно полицијата поднесе кривична пријава. Ако ЈО поведе истрага, на двајцата им се заканува затворска казна.

Слични содржини