178
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа објави дека навивал за Србија против Бразил, на натпреварот од групата Г на Светското првенство кое се одржува во Катар.
Во постот објавен на социјалната мрежа Инстаграм, беше означен и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ вчера истакна дека очекува за српската фудбалска репрезентација да се навива и земјава.
„Верувам дека браќата Македонци, во најголем дел низ Северна Македонија, ќе навиваат за Србија исто како што навивавме за нив претходно на Европското првенство“, рече Вучиќ.
Србија загуби од Бразил со резултат 2-0, со двата гола на Ричарлисон.