Ковачевски: Сите сме на истиот брод и немаме друг избор

од Берта Китинска

За траен мир и слобода во светот неопходно е заедништво. Сите сме на истиот брод и немаме друг избор, освен солидарно да се поставиме едни кон други и обединето да дејствуваме во одбраната и унапредувањето на основните вредности – слободата и мирот во светот, кажа премиерот Димитар Ковачевски на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД).

-Мирот се постигнува преку компромиси, но се чува со меѓусебно разбирање. Република Северна Македонија со компромисни и добрососедски политики го покажа ова во пракса, затоа што нашите цели се прогресивни во насока на стабилност и развој на регионот, европски вредности, полноправно членство во ЕУ и остануваме на тој пат.Огромна беше честа денеска да учествувам и да се обратам на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединети Нации во Њујорк, кажа Ковачевски.

Слични содржини