Ковачевски: Следува покачување на пензиите

од Берта Китинска

Јас сум на страна на работниците. Секој работник заслужува еден ден да биде слободен и да биде со своето семејство. Секако, имам предвид дека постојат индустрии кои не можат да затворат во недела. Ќе разговараме со сите засегнати страни и ќе најдеме решение, кажа премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во „Само интервју“.

-Во однос на пензиите, следува покачување. Веќе ги правиме анализите и ќе ги повикаме здруженијата на пензионери и заедно со Министерството за финансии и согласно расположивите буџетските средствата ќе обезбедиме зголемување на пензиите. Буџетот е комплетно ликвиден а Пензискиот фонд има пари со кои располага, вели Ковачевски.

Слични содржини