Ковачевски со Ердоган: Верувам дека економската соработка во иднина ќе се продлабочува

од Nikola Popovski
162 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретнал и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во рамките на состанокот на Европската политичка заедница во Прага. Ковачевски нагласи дека разговарале за неколку важни теми, меѓу кои и намалување на последиците од светската криза.

-Со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Прага дискутиравме за важноста од соработка со цел ублажување на последиците од светската енергетска криза. Нашите пријателски земји, традиционално негуваат добрососедски односи и верувам дека економската соработка во иднина ќе се продлабочува, навел Ковачевски.

Покрај Ердоган, македонскиот премиер денеска се сретна со австрискиот канцелар Нехамер, неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и грчкиот колега Киријакос Мицотакис.