Ковачевски: Со Законот за клевета се намалуваат казните за навреда за новинарите

од Nikola Popovski
140 прегледи

„Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда беше подготвуван во Министерството за правда и беа вклучени и други страни како што се претставници на здруженијата на новинари и слично. Овој закон е еден од полибералните во Европа, кој вклучува околу 20 исклучоци по кои нема основ за санкционирање на клевета и навреда“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во неговото интервју за емисијата „200“ на АлсатМ.

Тој додаде дека ваквото либерално решение е во духот на оваа Влада, што е досега потврдено по резултатите во однос на слобадата на медиумите и слободата на изразување.

„Со цел спречување на превиди како што имаше во овој закон, новиот министер за правда веќе предложи да се формира уште еден филтер кој финално ќе ги прегледува законите пред да дојдат на одобрување на Влада. Тело составено од експерти ќе ги прегледува законите кои потоа ќе бидат одобрени на Влада и поднесени во Собранието пред пратениците“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека со овој закон неколкукратно се намалуваат казните за навреда и клевета за новинарите, со што само се допридонесува кон слободата на изразување.