Убеден сум дека од овој процес граѓаните ќе излезат како победници, дека сите ние заедно ќе излеземе посилни, постабилни и забрзано ќе чекориме напред кон заедничка поперспективна иднина, кажа премиерот Димитар Ковачевски.
„Уверен сум дека контиунираната помош која Европската Унија ќе ја обезбеди во наредниот период, ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка, за европската реалност да ја живееме денес и на вистински начин“, рече Ковачевски.
Тој посочи дека одговорност на пратениците на опозицијата e да се вклучат во дебатата, кога е во прашање измената на Уставот и вметнување на Бугарите, без што не може да се одржи втората меѓувладина конференција.
„ Мнозинството граѓани, претставени од пратениците, донесоа одлука поради која имаме прва меѓувладина конференција. Одговорност е на пратениците од опозицијата да учествуваат во оваа дебата и понатаму.Ќе има многу чекори понатаму до финалното зачленување во ЕУ. Собранието е место каде ќе треба да биде донесен и вториот, третиот, четвртиот чекор до финалното зачленување. Одговорност на секој политичар е да мисли на иднината на државата, а не само на својот личен рејтинг“,кажа Ковачевски.