Ковачевски: Владата нас нѐ задолжи да го менаџираме парното греење затоа што сите се тргнаа на страна

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Владата ги задолжила да го менаџираат парното греење во Скопје, затоа што сите избегале.

„Владата нас, како најголема енергетска компанија во државата, не задолжи да го менаџираме односно управуваме парното греење во државата затоа што кренаа раце, сите се тргнаа на страна“, вели Ковачевски.

Тој додава дека тоа е примарна работа на Град Скопје.

Ковачевски, исто така, наведе дека го нервираат сензационалистички наслови во медиумите. Според него, со тоа се прави штета врз ЕСМ.

„Значи ние сме државна компанија, јавна, отворена и транспарентна компанија и сите набавки се вршат согласно законот за јавни набавки, и на електрична енергија, и на мазут, и на јаглен. Времето ќе покаже дали имало злоупотреба или не“, вели Ковачевски.

Слични содржини