Ковачевски: Владините мерки не се за некој да седи по канцеларии, си вари кафиња и чита весници

од Nikola Popovski
115 прегледи

Владините мерки не се за удобство на државна и општинска администрација. Мерките не се за за некој да седи по канцеларии, си вари кафиња и си чита весници. Овие мерки се за граѓаните, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој побара од општините да си поднесат потребно барање за комуналните претпријатија за снабдување со вода, за основни и средни училишта.

-Во време на криза се финансира солидарност, а не изобилие и удобство, рече Ковачевски на прес-конференцијата со министерот за економија, Крешник Бектеши и генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Слични содржини